Војдан: Спремни сме и физички и психолошки

Војдан Стојановски ги надмина проблемите со повредата и ќе биде максимално подготвен за овој претквалификациски циклус. Оценувајќи ја атмосферата во националниот тим како позитивна, тој очекува „црвено-жолтите“ со своето искуство и квалитет да одолеат на притисоците од трибините на премиерниот меч во Приштина.

„Атмоферата во тимот е одлична, сите чекаме да почне она вистинското, по бројните пријателски натпревари. Спремни сме и физички и психолошки, ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе успееме да се пласираме на квалификациите за Светското Првенство. Во разговорите со играчите кои настапуваат во БИБЛ јасно е дека теренот во Приштина е многу тежок за играње. Сепак, веруваме дека имаме и квалитет и искуство за да одиграме добар меч и да стигнеме до победата“ – изјави Војдан Стојановски на денешната прес-конференција.

Се вчитува...