Војдан Стојановски: Добро беше, но далеку сме од нашиот максимум - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
24/09/2017 15:20
Фудбал
24/09/2017 15:23
Ракомет
23/09/2017 20:45
Ракомет
23/09/2017 19:04

Војдан Стојановски: Добро беше, но далеку сме од нашиот максимум

Војдан Стојановски: Добро беше, но далеку сме од нашиот максимум

Војдан Стојановски беше еден од најдобрите поедници во македонската кошаркарска репрезентација во победата (80-70) над Бугарија. Првиот тест на домашен терен за ова лето кошаркарите одлично го одработија, а триумфот за Стојановски е надеж дека момците и натаму ќе се трудат со текот на подготовките. Се забележаа и подобрувања во одбраната, комуникацијата очигледно е клучен фактор за тимот, според нашиот репрезентативец.

„Добар натпревар, убаво е да тргнеме со триумф на домашен терен. Иако се уште го чувствуваме заморот од подготовките во Маврово, разликата беше очигледна од настапот во Словачка. Многу повеќе комунициравме во одбраната, клучниот фактор кој ни помогна да ја оствариме целта да не примиме 90 или 80 поени. Продолжуваме со тренинзите и следната недела, се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо и на турнирот „Трофеј Македонија“. Ова сигурно не е нашиот максимум, уште сме во почетна фаза на подготовки. Имаме уште две до три недели во кои ќе целиме кон подобрување во повеќе сегменти“
,
истакна Војдан Стојановски по натпреварот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.