Војна со ЕХФ : Вардар во„кремот“ што подготвува „пиратска“ ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/06/2017 20:52
Фудбал
28/06/2017 19:50
Кошарка
28/06/2017 17:44
Тенис
28/06/2017 15:08

Војна со ЕХФ : Вардар во„кремот“ што подготвува „пиратска“ ЛШ

Војна со ЕХФ : Вардар во„кремот“ што подготвува „пиратска“ ЛШ

Десет од најголемите ракометни клубови во Европа, меѓу кои е и македонскиот и од неодамна европскиот шампион Вардар, поставија ултиматум до ЕХФ за промени на Лигата на шампионите. Најмоќните ракометни клубови од ЕХФ бараат поголемо влијание и повеќе пари во Лигата на шампионите. Доколку ЕХФ не одговори на нивните барања, тогаш клубовите се подготвени да направат сопствена „пиратска“ лига.

Данскиот портал „БТ“ информира дека овој став бил утврден на Генералното собрание на Форумот на ракометни клубови што се одржа за време на Ф4 турнирот во Келн минатиот викенд. Во овој Форум се: Барселона, Целје, Фленсбург, Кил, Кјелце, КИФ Колдинг Копенхаген, Монпелје, Кадетен Шафхаузен, Вардар и Веспрем.

Идејата за создавање паралелна Лига од овие клубови е присутна веќе подолг период, но овој пат таа добива и многу поконкретен белег со ангажман на медиумскиот гигант ИМГ кој има искуство во создавање на вакви лиги во различни спортови, како што е Евролигата во кошарка.

Еден од творците на новиот проект на новата ракометна Лига би бил спортскиот директор на Колдинг Копенхаген и член на бордот на директори Форумот на ракометните клубови, Ласе Боесен.

„Учеството во Лигата на шампионите веќе не е економски атрактивно. Некои клубови трошат пари за да учествуваат во европските ракометни купови. И клубовите кои стигнуваат најдалеку во овие натпреварувања, не се соодветно наградени. Постои потреба за поголем комерцијален развој во ракометот и тоа може да го постигнаме со помош на ИМГ која е агенција со долгогодишно искуство во оваа област“ – истакнува Ласе Боесен.

Само за информација, Вардар како европски шампион заработи скромни 500.000 евра за освојувањето на титулата во Келн, сума што е прениска во однос на вложените средства во еден сериозен ракометен проект.

Од друга страна, престедателот на ЕХФ, Михаел Видерер ја нагласува добрата соработка со клубовите и позитивниот развој на европските клупски натпреварувања.

Соработката меѓу ЕХФ и најдобрите клубови во Европа доведе до позитивен развој на европските купови од година во година, што се потврдува со зголемена популарност на овие завршни турнири и посебно на успехот што го имаше годинашниот Ф4 турнир од ЛШ во Келн. Јас не гледам никаква причина тоа да не продолжи и понатаму“ – истакна Видерер.

Со ова индиректно се потврдува дека ЕХФ има поинаков став и не ја сфаќа сериозно заканата од Форумот на ракометните клубови, па останува да се види дали екипите ќе се решат за конкретен чекор во следниот период, за гласно да ги претстават своите ставови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.