Војна во Барселона: Енрике ќе добие отказ поради Меси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Војна во Барселона: Енрике ќе добие отказ поради Меси

Конфликтот во редовите на Барселона меѓу Луис Енрике и Лео Меси се продлабочил откако тренерот побарал Аргентинецот да биде казнет поради недоагањето на отворениот тренинг на каталонскиот гигант, на кој беа присутни преку 5.000 навивачи. Раководството на Барса не сака дополнително да ја влоши ситуацијата и засега тактизира на оваа тема, но каталонските медиуми тврдат дека Енрике ќе биде тој што ќе настрада во оваа војна, најавувајќи дека младиот стручњак ќе добие отказ најдоцна до крајот на оваа седмица.

Весникот „Спорт“ информираше дека нетрпеливоста меѓу Енрике и Меси се појавила уште пред околу еден месец, откако Барселона го загуби врвот на табелата од Реал Мадрид. Страстите за момент биле смирени, но тензијата станала уште поголема откако Меси се најде на клупата за резерви на почетокот од мечот со Реал Сосиедад, што каталонците го загубија со 1-0. Енрике остана цврст на својот став дека ја донел вистинската одлука, Меси не говори јавно на оваа тема, но информациите од Шпанија говорат дека тој веќе најголемо „работи“ за што поскоро да дојде до тренерска смена.

Аргентинецот е предводник на групата фудбалери кои не веруваат во тренерските квалитети на Енрике и за тоа веќе ја известиле управата. Во оваа група се наоѓаат пред се странски фудбалери предводени од Нејмар и Дани Алвеш, додека домашните асови засега се наоѓаат „на средина“ и се обидуваат да ја нормализираат ситуацијата. Тројцата капитени на тимот, Чави, Иниеста и Бускетс, за денеска најавиле состанок со двете завојувани страни во обид да се смират страстите, но каталонските медиуми тврдат дека тоа ќе биде скоро невозможна мисија.

Меси ја загуби довербата во Луис Енрике и веќе ја извести управата за својот став. Се чини дека се дојде до ситуација која не може да се поправи“ – пишуваат каталонските медиуми.

Шпанската јавност веднаш потсети и на 1976 година, кога Германецот Вајсвајлер доби отказ од Барселона откако тогашната клупска икона Јохан Кројф тргна во војна со него откако беше заменет предвреме на дуелот со Севилја. Сите прогнози велат дека историјата ќе се повтори во 2015, а само прашање на ден е кога Енрике и дефинитивно ќе ја загуби војната со Меси. Против тренерот оди и забраната за трансфери на Барселона, што практично ги отфрла сите можности за заминување на Меси во ситуација кога не може да биде ангажирана адекватна замена за него. Токму затоа, Луис Енрике ги брои последните денови како шеф на стручниот штаб на Барселона, со што уште еднаш се потврдува дека најголемите ѕвезди имаат огромна власт и одлучувачка моќ во своите клубови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.