„Волчицата“ без проблеми до триумф над Верона

Фудбалерите на Рома без проблеми ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со Верона, триумфирајќи рутински со убедливи 3-0 на тешкиот терен поради обилниот дожд што паѓаше вечерва во Рим. Един Џеко пред мечот ја прими наградата за најдобар стрелец во Серија А минатата сезона, по што босанскиот напаѓач со два погодоци покажа дека се уште се наоѓа во топ-форма.

Пред Џеко, резултатот го отвори Наинголан со прецизен удар во 21. минута, најавувајќи ја оваа лесна победа за римскиот клуб.

За одбележување е и фактот дека Алесандро Флоренци се најде во стартниот тим на Рома, неполна година по тешката повреда на коленото што крилниот фудбалер ја заработи во дресот на „римската волчица“.

Roma 3-0 Hellas Verona All Goals by football-Grinta

Се вчитува...