„Волчицата“ го гризна Лацио во римското дерби

Рома ја оствари петтата последователна победа во Серија А, но оваа е посебна, со оглед дека е извојувана против градскиот ривал Лацио во римското дерби на „Олимпико“. Сега тимот на Ди Франческо има 30 освоени бодови, два помалку од лидерот Наполи.

Во првото полувреме мрежите мируваа, но по одморот Рома тргна фуриозно. Диего Пероти од пенал донесе водство во 49.минута, а само четири минути подоцна Раџа Наинголан зголеми на 2-0.

Надежите на Лацио за реми ги врати Чиро Имобиле од пенал во 75.минута, но „лацијалите“ сепак немаа сили за втор погодок во ова дерби.

Се вчитува...