„Волчицата“ го „изеде“ Интер… (видео)

Рома не се откажува така лесна од трката за шампионската титула со Јувентус. „Волчицата“ славеше голема победа на дерби пресметката од 26. коло во Серија А, победувајќи со 1-3 на гостувањето против Интер во Милано.

Наинголан ја најави победата уште во 12. минута, а истиот играч во 56. минута зголеми и на 0-2.

Интер успеа за момент да внесе неизвесност со погодокот на Икарди во 81. минута, но сите прашања околу победникот ги разреши Пероти со голот од пенал во 85. минута.

All Goals & Highlights HD – Inter 1-3 AS Roma… by arcturusmedia33

По овој триумф, Рома со 59 бода, повторно е на седум бода од водечкиот Јувентус. На третото место во италијанското првенство е Наполи со 54 бода, пред Аталанта која има 51 бод.

Се вчитува...