Волф за новиот болид на Мерцедес: Да имам пила ќе го исечам!

Тимовите во Формула 1 деновиве ги престатвуваат болидите за новата сезона, генерално со многу гламур, воодушевување и пофалби за дизајнот и техничките можности. Актуелните шампиони во Мерцедес се исклучок од тоа.

Мерцедес–АМГ Петронас Мотоспорт, го претстави новиот црн болид F1W09 во кој Луис Хамилтон ќе ја брани титулата во новата Ф1 сезона. На прв поглед болидот делува моќно и импресивно, но неколку детали го расипуваат впечатокот. Токму тоа отворено го потенцира и извршниот директорот на Мерцедес, Тото Волф.

Иако не се сомнева во техничките можности на новиот болид, Волф е незадоволен со неговиот дизајн според новите правила. Болидите од оваа сезона го имаат задолжитената заштита околу кокпитот , што треба да ја зголеми сигурноста на возачите. Но, иако сигурноста е во преден план, овој „гломазен“ додаток на болидите им биде очи на љубителите на Ф1, но и на луѓето кои директно вклучени во „октанскиот циркус“

„Воопшто не ми се допаѓа. Да имам моторна пила сега, без размислување ќе го отсечам тој дел на болидот. Мислам дека сите заедно мора да седнеме и да смислиме некое новое решение, затоа што ова навистина нема смисол. Овој дел драстично ја зголемува тежината на болидот и го нарушува средиштето на гравитацијата“ – изјави Тото Волф.

Извршниот директор на Мерцедес не го импресионира ни фактот дека овој сигурносен додаток на болидот е толку цврст што може да издржи и тежина на автобус.

„Одлично, тоа е импресивна статистика, но луѓе, ова е болид од Формула 1!“ – забележа Волф.

Новата сезона во Формула 1 стартува на 25 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.

Се вчитува...