Volkswagen Amarok е добитник на „Меѓународна награда за пикап 2018“

„Многу сме благодарни што ја добивме „IPUA 2018“ и се чувствуваме почестени со одлуката на меѓународното стручно жири. Со новиот Amarok, уште еднаш ги слушавме потребите на купувачите и успеавме да постигнеме поголема моќност, поголем вртежен момент и, исто така, подобра способност за совладување на било кој терен. Ова е повеќе од чист луксуз и начин на живот“, изјави д-р Екхард Шолц, претседател на одборот на Volkswagen Комерцијални возила, на презентацијата од доделувањето на Меѓународата награда за пикап 2018 во Лион. „Ветувам дека ќе продолжиме да ги даваме најдобрите решенија за нашите клиенти со цел да ги олесниме нивните животи и секојдневната работа“, истакна д-р Шолц.

Јасниот дизајн, фантастичното чувство во внатрешноста и врвната изработка, беа конкретно истакнати од жирито како клучни фактори во нивната одлука. Големината на двојната кабина со простор за пет лица, беше импресивно надополнета со модерен дизајн. ErgoComfort седиштата, украсени со логото AGR, исто така, го освоија жирито, кои го истакнаа и уникатниот автоматски менувач со осум брзини и широката спецификација на V6 моторот во сегментот.

Членовите на жирито беа посебно импресионирани од способностите на V6 Amarok и надвор од патот. Тие ја истакнаа префинетоста и моќноста на моторот кој постави нов стандард во сегментот. Високите перформанси на Volkswagen Amarok V6 овозможуваат преминување и на најголемите пречки и предизвици кои може да се појават на патот. Импресивниот 3 литарски TDI мотор, доаѓа во неколку варијанти кои се движат од 120 до 165 kW, со што се исполнуваат сите потреби за моќност и вртежен момент кај возачите.

Pick_up_of_the_year_©_Photo_Fran cis_Mainard_08

Втората генерација на Amarok со својот V6 мотор е хит кај клиентите: оваа година, до крајот на октомври, Volkswagen Комерцијални возила веќе им испорачаа на клиентите 65.200 возила од опсегот на Amarok (истиот период минатата година: 57.600 единици). Ова претставува зголемување од 13,2 отсто. Наградите за Ван на годината 2018 беа исто така презентирани во текот на церемонијата на доделување награди на гала приемот одржан за време на Солутрас во 2017 година. Меѓународната награда за пикап (IPUA) се доделува на секои две или три години со избор на членови на жирито од IVotY (Меѓународен Ван на годината), група на реномирани трговски новинари од 25 земји. Шеснаесет од нив ги оценуваат номинираните возила независно еден од друг според однапред дефинирани критериуми. Volkswagen Amarok ја освои IPUA во 2010 година и така станува единствениот пикап кој ја освојува оваа награда по втор пат.

Комерцијален текст

Се вчитува...