Вон за ‘голите фотки’ кои му ги праќала на Вудс: Како да сум силувана!

Линдзи Вон е, без сомнение, една од најатрактивните светски спортистки. Но, американската скијачка минатото лето се најде на удар на хакерите кои успеаја од нејзиниот мобилен телефон да извлечат разголени нејзини фотографии кои ги праќала на голферот Тајгер Вудс, од периодот додека беа заедно.

За да сега, по толку време, Линдзи Вон се одлучи јавно, за првпат, да проговори за тоа како се чувствувала кога фотографиите се појавија во јавноста…

„Тоа се ужасни нешта кои сакам да ги заборавам. Беше болно. Се чувствував како некој да ме силувал“ – призна Вон, притоа дополнувајќи:

„Многу нешта ми се собраа тогаш, од пад на самодовербата па се до депресија. Но, спортот ме спаси“.

Линдзи и Тајгер беа во врска во периодот од 2013 до 2015 година…

Се вчитува...