Возбудлив крај на ендуро шампионатот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Возбудлив крај на ендуро шампионатот

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 26. и 27. октомври на патеката кај спортскиот аеродром „Стенковец“ крај Скопје се одржа последниот натпревар од шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013.

Во класата Е1 видовме изедначено возење на двајцата конкуренти за титулата, младите надежи на македонскиот мотоциклизамв – Никола Гулевски (МК ЛТД спортс) и Драган Ванов (МК Мото Велес). Првиот ден Гулевски беше супериорен, но сепак победник го одлучи вториот ден. Гулевски во последниот трет круг мораше да вози со дупната гума и тоа го искористи Ванов да победи што му беше доволно за вкупна победа на натпреварот во својата класа. Сепак, радоста на Гулевски беше поголема затоа што успеа да стигне до шампионската титула со вкупно 97 бодови или 6 повеќе од својот најголем ривал на патеката. Третото место со констатно возење го освои поранешниот шампион во оваа класа, Александар Петровски (МК Мотори).

Во класата Е2 очекувано најбрз беше трикратниот шампион и освојувач на златната кацига, Ивица Милошевиќ (МК Мотори). Нему во прилог му беше и неучеството на најдобриот од претходните настапи, Михаил Бајовски (МК ЛТД спортс) кој поради повреда мораше да ја пропушти оваа трка. Второто место и во двата натпреварувачки денови го освои Ивица Гиновски (МК Ендуранс тим), додека одличен настап во вториот ден имаше Стеван Аврамовски (МК Мотори) што му беше доволно за трето место во вкупниот пласман. Во конечниот пласман Милошевиќ и Бајовски имаат ист број бодови, но поради подобар резултат на последната трка, Милошевиќ ја освои и 4-тата титула по ред. Во оваа класа треба да се истакне и дебитантскиот настап во оваа дисциплина на Сашо Николов – Тумац, кој е повеќекратен македонски шампион во брзински мотоциклизам. На крајот Николов беше петти во најпрестижната класа.

Највозбудливо беше во класата Е3. Шестмина натпреварувачи постојано ги менуваа позициите, а во првиот натпреварувачки ден најдобар беше Амир Амети (МК Мотокрос Шари), пред Љупчо Ничевски (МК Мото Велес) и Борче Костов (МК ЛТД спортс). Вториот ден приреди уште поголема неизвесност, првите четворица завршија во само 6,11 секунди разлика, а дури последниот брзински испит одлучи за најдобрите. Најбрз беше Берат Зендели (МК Гостар), пред Амети и одличниот дебитант Филип Крстевски (МК Брзкруг). На крајот вкупен победник е Амети, пред Зендели и Ничевски. Шампион на Македонија со вкупно 86 бодови е ветеранот Костов, а вицешампионската титула ја освои Роберт Нушков (МК Брзкруг) со 73 бодови.

Во класата Т, Дарко Гиговски (МК Сакамото) беше поуспешен првиот ден, но во вториот Баже Шишковски (МК Александар) и покрај дупната гума не дозволи изненадување и победи во вкупен пласман на натпреварот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.