Возел мотор со Усаин Болт, излетал од патот и загинал - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Возел мотор со Усаин Болт, излетал од патот и загинал

Возел мотор со Усаин Болт, излетал од патот и загинал

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон рано утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа во Кингстон, Јамајка, откако излетал од патот возејќи го својот мотор. Медиумите од Јамајка јавуваат дека тој се наоѓал во друштво на најбрзиот човек на светот, Усаин Болт, со кого заедно биле на забава во еден ноќен клуб. Болт, Мејсон и останатите од друштвото направиле конвој од мотори и се упатиле кон своите домови, но веднаш потоа дошло до трагичниот настан, 34-годишниот Мејсон ја загубил контролата, излетал од улицата, а по патот починал на лице место.

Болт и јамајканскиот спринтер Мајкл Фрејтер биле меѓу првите кои стигнале на местото на несреќата, но не можеле да сторат ништо за да го спасат својот пријател.

mejson2

Најискрено сочувство за целото спортско братство и до најблиското семејство на Џермејн Мејсон“ – порача Премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Мејсон, кој имаше успешна кариера во дисциплината скок во височина, е роден во Јамајка, но подоцна во кариерата реши да настапува за селекцијата на Велика Британија. Негов најголем успех беше освоениот сребрен олимписки медал на ОИ во Пекинг во 2006 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.