Вознијацки го пропушта турнирот во Рим

Данската тенисерка Каролина Вознијацки ќе го пропушти ВТА турнирот во Рим. Таа доживеа повреда на рамото на мечот против Шпанката Карла Суарез Наваро во второто коло на турнирот во Мадрид и сега ќе мора да одмори одреден период.

Се очекува Вознијацки да се врати во натпреварувачки ритам на турнирот во Стразбур, а потоа би требало да биде максимално подготвена и за настап на гранслем турнирот Ролан Гарос. Претходно, настапот во Рим го откажа и Агнешка Радванска.

Се вчитува...