Вознијацки: Вајлд – картите за Шарапова се навреда за сите останати тенисерки

Данската тенисерка Каролина Вознијацки јавно го изрази своето незадоволство од потегот на организаторите на ВТА турнирот во Штутгарт, кој и даде вајлд – карта за учество на Марија Шарапова, која во изминатите 15 месеци ја одлежуваше суспензијата поради користење на недозволени супстанци. Таа смета дека Русинката сега треба да почне од самото дно, а нејзиното форсирање е навреда за сите останати тенисерки.

„Мислам дека секој заслужува втора шанса, но не да биде фаворизиран за да успее брзо да се врати при врвот. Тој што користел недозволени средства, секако не треба да добива вајлд – карти. Тоа е навредливо за сите останати тенисерки кои напорно тренираат и го чекаат повикот да бидат дел од турнирот во Штутгарт. Очигледно дека правилата не се исти за сите“, коментираше Вознијацки, по триумфот над полската квалификантка Магда Линет, во второто коло од Индијан Велс.

 Главен спонзор на ВТА турнирот во Штутгарт е „Порше“, кој исто така е еден од водечките спонзори и на Русинката Марија Шарапова.

Се вчитува...