Враќање на врвот – Надал во Монтреал брка прво место

По три години пауза, Рафаел Надал по настапот на „Роџерс куп“ во Монтреал може повторно да биде светски рекет број еден. Откажувањето на моментно водечкиот тенисер на АТП листата, Енди Мареј, му отвори можност на Шпанецот повторно да го запоседне првото место. За враќање на првата позиција во светскиот тенис на која последен пат беше во јули 2014 година, на Надал му треба полуфинале во Монтреал.

„Сега воопшто не размислувам за тоа. Се обидувам добро да се подготвам за турнирот и тоа  е се. Ќе се обидам да продолжам да играм како што играв во првиот дел од сезоната и се надевам дека ќе успеам и овој пат“ – изјави Рафаел Надал пред настапот во Монтреал.

Шпанскиот тенисер трипати досега триумфирал на турнирот во Канада, во 2005, 2008 и поседен пат во 2013 година. Во една од најуспешните сезони во кариерата, 31-годишниот Рафаел Надал се уште има силен мотив за победа пред секој настап, дури и по 16 години поминати на АТП турнирите. Нешто што него и Роџер Федерер ги прави поразлични од другите.

„Ние го сакаме тоа што го работиме. Играме тенис и се натпреваруваме со страст. Тоа ни помага да бидеме професионални и да ги направиме вистинските работи на теренот и надвор од него. Ако си здрав, тогаш е многу полесно да продолжиш да играш на високо ниво подолго време. И од психолошки аспект тоа не е тешко ако го сакаш спортот. Ние имаме привилегија да живееме од своето хоби“ – вели Надал.

Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 7 до 13 август.

Се вчитува...