Врањеш: Вардар е „тврд орев“, но историјата може да се повтори

По втор пат во последните четири години Вардар против Фленсбург ќе се бори за место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Во првиот натпревар „црвено-црните“ в сабота ќе играат во гости, а реваншот е на 27 април во Скопје. Со ист распоред беше и првата четвртфинална пресметка меѓу овие две екипи во сезоната 2013/2014. Тогаш Фленсбург славеше на домашен терен со 24-22, а Вардар со идентична предност беше поуспешен на домашен терен (25-27). Но, оној историски погодок на Андрес Егерт од седмерец и повеќето постигнати голови на гостински терен тогаш ги урнаа соништата на вардарци, а Фленсбург го однесоа на Ф4 турнирот во Келн на кој потоа Германците ја освоија и шампионската титула.

Дали ќе се повтори историјата за Фленсбург, или Вардар годинава сепак ќе успее да ги наплати старите долгови и во четвртиот обид ќе успее да стигне до завршницата на ЛШ во Келн?

„Црвено-црните“ ја играат најдобрата сезона во ЛШ и како првопласирани во групната фаза прв пат обезбедија директен пласман во четвртфиналето што им носи голема самодоверба и желба сезоната да се круниса со настап на Ф4.

Фленсбург до четвртфиналето стигна преку тешката осминафинална пресметка со Мешков Брест. Во германскиот тим сега се надеваат дека во четвртфиналето со Вардар ќе им се повтори историјата и  новиот Ф4 ќе биде идеално збогување на тренерот Љубомор Врањеш со тимот.

Вардар е исклучително силен оваа сезона. Ќе биде исклучително тешко да се скрши овој „тврд орев“. Но, ние се надеваме дека ќе ги победиме во четвртфиналето, и дека историјата ќе се повтори, а ние повторно ќе играме во Келн“ – изјави Љубомир Врањеш во изјавата за официјалниот сајт на ЕХФ.

Се вчитува...