ВРХЛ турнир - Вардарки поуспешни од Будуќност - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
25/09/2017 15:15
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43

ВРХЛ турнир – Вардарки поуспешни од Будуќност

ВРХЛ турнир – Вардарки поуспешни од Будуќност

Ракометарките на Вардар го победија Будуќност со 28-27 во натпреварот од 4.коло во регионалната ВРХЛ. Вториот турнир од ова натпреварување се одржа викендов во Копривница, а вардарки остварија две победи. Во натпреварот од 3.коло вчера македонскиот шампион славеше убедлива победа против Подравка (19-30), а денеска триумфално го заврши и дуелот против Будуќност.

Мал хендикеп за „црвено-црните“ беше тоа што на овие два натпревари во Копривница настапија во практично преполовен состав, без бековите Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер како и без двата пикери, Ања Алтхаус и Андреа Човиќ. Но, и во некомплетен состав, вардарки одиграа сигурно и успеаја да стигнат до втрата победа сезонава против Будуќност. Победничкиот гол за Вардар го постигна Андреа Пенезиќ која беше и најефикасна со вкупно 11 гола на овој меч. Кај Будуќност прв стрелец беше Кристина Неагу со 10 гола.

Следниот турнир во ВХРЛ лигата ќе се одигра на 1 и 2 март во Љубљана, а таму Вардар ќе игра со Крим и со Подравка.

Овие натпревари од регионалната лига за вардарки се добра подготовка пред четвртфиналето во Лигата на шампионите против данскиот Митјиленд, на 9 април во Икаст и на 15 април реваншот во Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.