„Врие“ во ПСЖ: За малку тепачка Нејмар – Кавани

Големиот број на ѕвезди во еден тим знае да создаде многу проблеми – доказ за тоа е и Пари сен Жермен по последните конфликти меѓу Нејмар и Кавани. Уругваецот вторпат по ред не му дозволи на најскапиот светски фудбалер да изведе пенал, згора на тоа тој го промаши ударот од белата точка, а потоа имаше конфликт и со Дани Алвеш, кој се „бореше“ за Нејмар барем да го изведе следниот слободен удар.

Сепак, како што јавува тиражниот весник „Л’Екип’, конфликтот не прекинал на теренот, туку се пренел во соблекувалната. Иако „светците“ го добија дербито со Лион, егото на двете ѕвезди било повредено, па тие за малку ќе се степале по влегувањето во соблекувалната. Според францускиот весник, се продолжило со меѓусебни навреди, а во моментите кога Нејмар и Кавани тргнале еден кон друг посериозен инцидент спречил капитенот Тијаго Силва.

Според Л’Екип, причина за ваквиот однос на Кавани се парите, односно клаузулата од еден милион евра доколку заврши како најдобар стрелец во францускиот шампионат. Тој лани го доби овој бонус, но стравува дека годинава нема да стигне, поради Нејмар и Мбапе кои исто така редовно се запишуваат меѓу стрелците, но и поради Фалкао кој моментно е прв стрелец со девет гола, два повеќе од Кавани.

Се вчитува...