Врвно дерби во Евролигата: Антиќ и Фенер ја решија ЦСКА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Врвно дерби во Евролигата: Антиќ и Фенер ја решија ЦСКА

Врвно дерби во Евролигата: Антиќ и Фенер ја решија ЦСКА

Перо Антиќ и Фенербахче остварија огромна победа во Евролигата откако на гостински терен го совладаа актуелниот европски првак ЦСКА Москва со 79-94. Репризата на последното евролигашко финале донесе одлична кошарка, неизвесна битка во текот на 40-те минути, за Фенер во продолжението целосно да го демолира рускиот гигант и да стигне до значајна победа во битката за што повисок пласман во елитното европско натпреварување. Ова беше само втор пораз на ЦСКА Москва сезонава во Евролигата, прв на домашен терен.

ЦСКА Москва фуриозно ја одигра првата четвртина, лесно наоѓајќи решение за одбраната на Фенер. Гостите имаа минимална предност од 8-9, но следеше серија од 11-0 на актуелниот европски првак, кој набрзина стигна до двоцифрена предност. Рускиот состав ја доби четвртината со 23-13, потоа преку Хајнс поведе и со 26-13, но јасно беше дека Фенербахче не може да игра така катастрофално цел натпревар. Избраниците на Жељко Обрадовиќ се разбудија во вистински момент, па до крајот на полувремето ја намалија разликата на само пет поени (41-36).

Третиот период повторно мина во знакот за ЦСКА, откако рускиот гигант одново стигна до „плус 12“ (58-46), но Фенербахче уште еднаш покажа карактер и успеа да се врати. Веќе во 32. минута тимот на нашиот Перо Антиќ стигна до водство од 59-60, по што се влезе во неизвесна завршница. Резултатот на една минута до крајот гласеше 72-70, но Удох донесе израмнување со две слободни фрлања. Курбанов погоди тројка за 75-72, но Аугустин на спротивната страна направи почетничка лична грешка за „два плус еден“ на Диксон и ново израмнување од 75-75 на 15 секунди до крајот. Теодосиќ ја промаши тројката за победа, по што беше јасно дека победникот ќе биде решен по продолжение.

Нападот на ЦСКА воопшто не функционираше, а Фенербахче предводен од Диксон направи серија од 7-0 за неполни две минути и го принуди Итудис на тајмаут. Теодосиќ ја презеде одговорноста, но српскиот плејмејкер промаши неколку шута во серија, Фенер реализираше на спротивната страна и стигна до серија од 11-0 пред Џексон конечно да реализира за домаќините. Сепак, прашањето на победникот беше решено, па Фенербахче не само што победи, туку и тоа го стори со убедливи 79-95.

Перо Антиќ мина на теренот 21 минута, период за кој реализираше четири поени и три скокови. Боби Диксон беше најефикасен кај Фенербахче со 25 поени, додека Удох оствари дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови. Теодосиќ беше прв стрелец на ЦСКА со 21 поен, но Србинот немаше свој ден со оглед на очајниот шут (3/12 за тројка) и деветте загубени топки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.