Втор пораз на јуниорките на ЕП во БиХ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
20/07/2017 13:57
Фудбал
20/07/2017 13:14
Кошарка
20/07/2017 12:02
Фудбал
20/07/2017 8:51

Втор пораз на јуниорките на ЕП во БиХ

Втор пораз на јуниорките на ЕП во БиХ

Македонските репрезентативки го доживеаја и вториот пораз во рамки на Европското првенство Б дивизија за јуниорки. Овој пат националниот состав на Ирска се покажа како супериорен, па на крајот успешно славеше со 39-100 (10-15, 12-28, 7-27, 10-30).

Избраничките на Горјан Стојановски го издржаа налетот на мотивираните кошаркарки од Ирска само во првата четвртина. Македонските кошаркарки играа израмнето во воведните пет минути, па следеше мало опуштање кое му овозможи на противникот да се одлепи на ’плус пет’ (10-15). Во вториот период македонските репрезентативки одиграа далеку под очекуваното. Три минути без постигнат погодок во кој кошаркарките од противничката репрезентација поврза 10 поени беа доволни за двоцифрена негатива на полувремето (22-43).

Откако екипите се вратија на паркетот се повтори играта од втората четвртина. Патот кон противничкиот обрач не можеше да се пронајде додека започна да се зголемува и бројот на лични грешки. Адамовска и Крстевска ги заработија четвртите, што значеше мала пауза од паркетот. Во меѓувреме, кошаркарките од Ирска го завршија третиот период со импресивна серија од 0-13 за водство од 29-70 пред почетокот на последните десет минути. Последниот период започна со поопуштена игра на кошаркарките на Ирска. Македонските репрезентативки се ’држеа’ во првите 90 секунди постигнувајќи четири поени наспроти петте на противникот. Сепак негативата од 40 поени беше преголема за преостанатите пет минути до крајот. Сè што избраничките на Стојановски можеа да сторат до крајот е уфрлање на едвај шест поени поени за конечни 39-100.

Цеце Димова беше единствената која го заврши натпреварот со двоцифрен ефект постигнувајќи 10 поени на кои придодаде и седум скокови. Девет поени и пет скокови забележа Спировска, еден поен повеќе од Адамовска. Скенел од Ирска забележа 18 поени, додека Мелиа оствари дабл-дабл од 11 поени и 11 скокови.

Следен противник на македонските репрезентативки е селекцијата на Естонија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.