Втора фаза: Франција и Шведска во „пол-позиција“ за полуфинале

Со комплетирање на натпреварите од групите А и Б познати се сите учесници во групата 1 од втората фаза од ова европско првенство, што ќе се игра во „Арена“ во Загреб.

Со максимални четири бода во оваа рунда ќе влезат две селекции, и тоа Франција и Шведска. Светските шампиони имаат максимални четири бода во првата фаза, додека Швеѓаните претрпеа еден пораз, но во прилог им оди што Исланд испадна од натпреварувањето, па тој неуспех сега се „брише“.

Домаќинот Хрватска ќе влезе во следната рунда со само два бода и го очекува тешка битка за место во полуфиналето. Два бода има и светскиот вицепрвак Норвешка, против кого Хрватите ќе играат во следната рунда, додека без бодови во новата фаза ќе влезат Србија и Белорусија.

Во првото коло од групата 1, што ќе се игра на 18 јануари во Загреб, ќе се сретнат Хрватска и Белорусија, односно Норвешка и Србија.

Се вчитува...