Втора лига: Академија Пандев го освои и Новаци

Лидерот на табелата во Втората лига, тимот на Академија Пандев, успешно го стартуваше вториот дел од првенството и славеше триумф на гости против Новаци (0-1). Стрелец на единствениот гол беше Љупчо Дориев во 66.минута. Со овие нови три бода, Академија Пандев уште повеќе ја зголеми предноста на врвот, со оглед дека Скопје ремизираше без голови против Тетекс.

Без голови заврши и мечот меѓу Металург и Еуромилк, додека Вардар Неготино славеше на гости против Велезарими со 0-2. Иван Ивановски во првиот дел и Марко Симјановски во второто полувреме беа стрелци на головите за гостите на овој меч.

Се вчитува...