ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев и Новаци триумфално, Металург го „згази“ Љубанци Кавадарци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/02/2017 19:03
Ракомет
26/02/2017 17:02
Фудбал
26/02/2017 16:24
Фудбал
26/02/2017 15:59

ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев и Новаци триумфално, Металург го „згази“ Љубанци Кавадарци

ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев и Новаци триумфално, Металург го „згази“ Љубанци Кавадарци

Академија Пандев триумфално ја заврши оваа полусезона, откако беше подобра во дуелот против Еуромилк со 1-0 и со тоа ја зголеми бодовната разлика над „млекарите“. Единствен стрелец на погодокот за „академците“ беше Сашко Пандев во 13 минута, а Еуромилк до крајот на натпреварот не успеа да го скри отпорот на тимот на Панче Стојанов.

И Металург триумфираше на последниот натпревар за оваа година, совладувајќи го Љубанци Кавадарци со високи 1-5. Проблемот за домашната екипата започна кога Гелов во 5 минута доби директен црвен картон и после се беше во корист на „металурзите“. Бакрачески и Теодор Фиданоски погодоја за Металург во првото полувреме. Станоев во 51 минута ја врати резултатската неизвесност, а на тоа возвратија Додев, Наумоски и Фиданоски, поставувајќи ги конечните 1-5.

На останатите резултати, Новаци славеше против Тетекс (1-0), Вардар Неготино и Хоризонт Турново одиграа без голови и Скопје беше подобар од Велазерими (2-0). Во вториот дел од сезоната, Втората лига започнува на 25-ти февруари, 2017 година.

Табела: Академија Пандев 37 бода, Скопје 26, Новаци 25, Еуромилк 25, Металург 22, Хоризонт Турново 19, Велазерими 15, Тетекс 11, Вардар Неготино 10, Љубанци Кавадарци 7.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.