ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев посакува победнички да ја заврши годината - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35
Кошарка
10/12/2017 18:43

ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев посакува победнички да ја заврши годината

ВТОРА ЛИГА: Академија Пандев посакува победнички да ја заврши годината

Денеска се игра последниот натпревар од Втората македонска фудбалска лига, а во центарот на вниманието ќе биде пресметката помеѓу Академија Пандев и Еуромилк. Тимот од Струмица е лидер на табелата со 34 бода, додека пак Еуромилк е второпласиран со 25 бода. Стратегот на „академците“, Панче Стојанов е свесен за тежината на овој меч. но верува дека неговиот тим победнички ќе ја заврши оваа година.

„Никако не смееме да го потцениме противникот, затоа што станува збор за квалитетен тим со неколку искусни фудбалери. Наша цел е да оствариме триумф, иако знаеме дека тоа воопшто нема да биде лесно. Очекувам дека победнички ќе ја завршиме оваа година“ – истакна Стојанов.

На останатите средби се среќаваат, Новаци – Тетекс, Љубанци Кавадарци ќе се соочи со Металург, Хоризонт Турново гостува кај Вардар Неготино и Скоје ќе чека дуел со Велазерими.

Двојки, 14. коло, ВМФЛ (13:00 ч.)

НОВАЦИ – ТЕТЕКС (Игралиште Новаци)

ЉУБАНЦИ КАВАДАРЦИ – МЕТАЛУРГ (Градски стадион Кавадарци)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ЕУРОМИЛК (Стадион „Кукуш“, Турново)

ВАРДАР НЕГОТИНО – ХОРИЗОНТ ТУРНОВО (Градски стадион Неготино)

СКОПЈЕ – ВЕЛАЗЕРИМИ (СРЦ „Железарница“, Скопје)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.