ВТОРА ЛИГА: Борец ја запре победничката низа на Беласица, Гостивар го презеде врвот на Западот

Екипата на Борец од Велес успеа да ја запре победничката низа на Беласица на стартот од сезоната во Втората лига – Исток.

По шест победи на струмичани, во 7. коло од второлигашката конкуренција Беласица денеска одигра без голови на гостувањето против Борец во Велес.

Сето тоа го искористи штипска Брегалница која со убедливата победа од 4-1 против Плачковица дојде само до два бода негатива на табелата од Беласица.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК – 7. КОЛО

Победа Валандово – Осогово 3-0Борец – Беласица 0-0Кожув – Тиквеш 1-1Брегалница – Плачковица 4-1Каменица Саса – слободна

ТАБЕЛА: Беласица 19 бода, Брегалница 17, Плачковица 12, Кожув 11, Тиквеш 10, Борец 10, Осогово 7, Победа Валандово 5, Хоризонт Турново 3, Каменица Саса 1 бод.

Во Втората лига Запад, екипата на Македонија Ѓорче Петров дојде до првиот триумф во сезоната, откако со убедливи 3-0 на својот стадион славеше против Струга Трим Љум.

Боби Божиновски го отвори резултатот во 31. минута од пенал, а победата ја запечатија со голови во вториот дел Иван Настевски и Михајло Јакимоски.

Тетекс славеше против Локомотива со 2-1, додека Гостивар се проби на врвот од табелата по триумфот на гости против Зајази од 1-3.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – 7. КОЛОТетекс – Локомотива 2-1Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум 3-0Зајази – Гостивар 1-3Лабуништа – Еуромилк 3-0Велазерими – Новаци (утре, 14:30 ч.)

ТАБЕЛА: Гостивар 14 бода, Велазерими(-1) 13, Струга Трим Лум 12, Еуромилк 10, Локомотива 9, Тетекс 9, Лабуништа 8, Македонија ЃП 7, Новаци(-1) 5, Зајази 5 бода.

Се вчитува...