ВТОРА ЛИГА: Дербито на Истокот без победник, Велазерими го доби дербито на Западот

Брегалница и Беласица одиграа без голови во Штип во дербито од 16. коло во Втората лига – Исток.

Струмичани по ова реми на гостувањето под Исарот си ја зачуваа предност од 5 бода на врвот од табелата токму пред Брегалница. На третото место е Борец Велес кој утре против Осогово го игра натпреварот од ова коло.

Во дербито на 17. коло во Втората лига Запад, Велазерими во Кичево славеше 1-0 против Струга Трим Лум. Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Малиќ Белули во 79. минута од натпреварот.

По овој триумф Велазерими се израмни на врвот од табелата со 31 бод со водечкиот Гостивар. Но, гостиварци утре на гостувањето против Лабуништа го играат својот натпревар од ова коло.

Се вчитува...