ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица го доби дербито со Борец, за цврст чекор кон Првата лига! (ФОТО)

Струмичка Беласица цврсто чекори кон Првата лига победувајќи го во дербито од 15. коло во Втората лига – Исток тимот на Борец Велес со 2-0.

Горан Здравков од пенал во 20. минута донесе водство за Беласица. Струмичани конечниот триумф од 2– си го обезбедија со автоголот на Кристијан Ефтимов во 43. минута.

Брегалница дојде до победа од 0-1 на гостувањето против Плачковица. Стрелец на голот за штипјани беше Лазар Илијев уште во 10. минута од натпреварот.

Марјан Ристовски го донесе Кожуф до водство уште во 6. минута. Но, потоа следеше израмнување преку Мирко Симјановски во 31. минута. А триумфот на Тиквеш го донесе Јане Стојанов во 58. минута од средбата.

Осогово, пак, убедливо со 4-0 славеше пред своите навивачи против Победа Валандово. Стрелци на головите за Осогово беа Дејан Велевски, Драган Паунов, Владимир Жоглев и Павле Петров.

РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО

Беласица – Борец Велес 2-0

Тиквеш – Кожуф 2-1

Плачковица – Брегалница 0-1

Осогово – Победа Валандово 4-0

Каменица Саса – слободна

ТАБЕЛА: Беласица 33 бода, Брегалница 28, Борец 26, Кожуф 23, Тиквеш 21, Плачковица 18, Саса 12, Осогово 11, Победа Валандово 8 бода.

Се вчитува...