ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица не запира, Осогово изненадено од Турново во Кочани

Беласица не запира. Струмичкиот второлигаш запиша и шеста победа во Втората лига Исток, издвојувајќи се максимално со 18 бода на врвот од табелата. Беласица во 6. коло триумфираше со 3-1 против Победа Валандово на дуелот кој се играше во Турново, како би се зачувал теренот на стадионот „Младост“ за квалификацискиот дуел со Лихтенштајн.

Брегалница славеше со 2-3 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со два гола на Ристе Наумов уште во првото полувреме, и одлучувачкиот за триумф од пенал во 59. минута на капитенот Горан Здравков. За Тиквеш стрелци на головите беа Делов во 45. минута и  Ѓорги Мојсов во 51. минута.

Хоризонт Турново дојде до првите бодови во сезоната, и тоа славејќи со убедливи 1-3 на гостувањето против Осогово во Кочани.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО

Каменица Саса – Кожуф 1-3

Тиквеш – Брегалница 2-3

Беласица – Победа Валандово 3-1

Осогово – Хоризонт Турново 1-3

Плачковица – Борец Велес 1-0

ТАБЕЛА: Беласица 18 бода, Брегалница 14, Плачковица 12, Кожуф 10, Тиквеш 9, Борец 9, Осогово 7, Хоризонт Турново 3, Победа Валандово 2, Саса 1 бод.

 

Се вчитува...