ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица ниже победи, триумф и на Брегалница и Борец (ФОТО)

Беласица продолжува со максималниот ефект на стартот од сезоната во Втората лига Исток запишувајќи ја и петтата победа во денешното 5. коло. Во дерби пресметката во Штип, Брегалница славеше со 3-1 против Кожуф, а Борец во Велес беше подобар од Тиквеш.

Александар Пановски со гол во 41. минута донесе триумф од 1-0 за Борец на пресметката против кавадарчани.

Пепи Георгиев во 25. минута и Валентин Кочоски во 37. минута, пак, беа стрелци за Беласица која славеше на гостувањето против Хоризонт, на дуелот кој се играше во Турново.

Turnovo - Belasica 2

Брегалница со 3-1 победи против Кожуф. Ристе Наумов во 14. минута ја донесе Брегалница во водство од 1-0. На 2-0 во 29. минута зголеми Горан Здравков, а Наумов со својот втор гол во 40. минута веќе обезбеди 3-0. Почесниот гол за гостите го постигна Тошевски во 78. минута од натпреварот.

Плачковица славеше со 0-2 на гостувањето против Победа Валандово. Даниел Боневски во 27. минута ги донесе гостите во водство, а конечните 0-2 ги постави Мартин Петров од пенал во 91. минута.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

РЕЗУЛТАТИ – 5. КОЛО

Брегалница – Кожуф 3-1

Борец – Тиквеш 1-0

Хоризонт Турново – Беласица 0-2

Осогово – Каменица Саса 2-2

Победа Валандово – Плачковица 0-2

ТАБЕЛА: Беласица 15 бода, Брегалница 11, Борец 9, Тиквеш 9, Плачковица 9, Кожуф 7, Осогово 7, Победа Валандово 2, Каменица Саса 1, Хоризонт Турново без бодови.

Се вчитува...