Втора лига Исток: Беласица преубедлива, Борец сигурен

Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Беласица, имаше убедлив старт на пролетниот дел од сезоната. Струмичкиот тим го декласира тимот на Победа Валандово со 1-8 и докажа дека размислува сериозно за пласман во Првата лига. По два гола постигнаа Мартин Мирчевски, Горан Здравков и Миле Костовски, а во листата на стрелците за струмичкиот тим се запишаа и Крсте Тодоров и Марјан Ташев.

Борец исто така беше сигурен совладувајќи ја Плачковица на домашен терен со 4-1. Брегалница освои три важни бода со триумфот од 1-0 против Тиквеш, додека Кожув и Каменица Саса ремизираа 1-1.

На табелата води Беласица со 33 бода, пред Борец кој има 29, а на третата позиција е Брегалница со 28 бода…

Се вчитува...