Втора лига Исток: Беласица превисока за кавадарчани (ФОТО)

Беласица најавува дека има прволигашки амбиции во Втората лига Исток. По два одиграни натпревари, струмичани имаат максимален ефект, откако денеска на стадионот „Младост“ во Струмица го совладаа Тиквеш со 3-1. Домаќинот беше подобар противник и заслужено стигна до трите бода.

belasica - tikves 13

Резултатот го отвори Даниел Радојчиќ во 14.минута, а шест минути подоцна Беласица поведе и со 2-0, со голот на Миле Костовски.

Belasica - Tikves 2

Во вториот дел, Тиквеш намали преку Роберт Митев во 65.минута, но Јованчо Трајковски во финишот од натпреварот постигна трет гол за струмичкиот тим, расчистувајќи ги сите дилеми околу победникот на овој меч.

Се вчитува...