Втора лига Исток: Беласица за едно полувреме го растури Тиквеш - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Втора лига Исток: Беласица за едно полувреме го растури Тиквеш

Втора лига Исток: Беласица за едно полувреме го растури Тиквеш

Екипата на Беласица лесно и убедливо триумфираше на незгдното гостување во Кавадарци против Тиквеш (0-4), пред се поради фуриозното прво полувреме во кое гостите од Струмица целосно ги надиграа своите противници. Резултатот беше отворен во 20. минута преку Миле Костовски, а Беласица до крајот на првото полувреме стигна и до 0-3, со головите на Ташев и на Кочоски. Отпорот на домашниот тим беше целосно скршен, па струмичани во вториот дел стигнаа и до поубедлива победа со голот на Радојчиќ во 63. минута.

Кожув во интересен дуел во Гевгелија славеше над Осогово со 2-1, иако гостите од Кочани први поведоа преку Тоше Манов. Сепак, фудбалерите на Кожув се разбудија по почетниот шок, најпрвин израмнија преку Лазаровски во 33. минута, пред Ристенски да стрела прецизно во 63. минута за целосен пресврт и триумф на домашниот тим.

Борец Велес и Победа Валандово одиграа без победник, 2-2, дуел на кој сите четири гола беа постигнати во првото полувреме. Први поведоа гостите преку Зејринов, набрзина Борец го сврте резултатот во своја полза со погодоците на Марко Ѓорѓиевски во 8. и во 15. минута, за бод за Победа Валандово да донесе Жоглев во 27. минута.

Саса премногу лесно и убедливо триумфираше над Плачковица со 4-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.