ВТОРА ЛИГА - ИСТОК: Борец до триумф во Каменица, Тиквеш подобар од Осогово - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43
Ракомет
25/09/2017 9:58

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец до триумф во Каменица, Тиквеш подобар од Осогово

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец до триумф во Каменица, Тиквеш подобар од Осогово

Екипата на Борец Велес стигна до својата прва победа сезонава во Втората лига – Исток, откако во 2. коло славеше на гостувањето против Каменица Саса со 0-1.

Стрелец на единствениот гол за Борец беше младиот Андреј Кудинов во 65. минута, носејќи три бода за својот тим.

Тиквеш, пак, дојде до победата од 2-1 против Осогово благодарение на погодоците на Лазарев и Марко Симјановски.

Кожуф беше убедливи, славејќи со 3-0 против Хоризонт Турново, а Беласица во својот прв натпревар сезона дојде и до првиот триумф на гостувањето против Плачковица. Струмичани славеа со 1-2 со пресврт, откако домашните имаа водство од 1-0, а потоа Миле Костовски со гол во 71. минута ја донесе победата. Првиот гол за Беласица го постигна Пепи Горгиев во 33. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

Брегалница – Победа Валандово 1-1

Тиквеш – Осогово 2-1

Кожуф – Хоризонт Турново 3-0

Каменица Саса – Борец Велес 0-1

Плачковица – Беласица 1-2

ТАБЕЛА: Брегалница 4 бода, Борец 4, Плачковица 3, Тиквеш(-1) 3, Беласица(-1) 3, Осогово 3, Кожуф 3, Победа 2, Саса и Хоризонт Турново без бодови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.