Велешки Борец запиша голема победа од 1-2 на гостувањето против Брегалница во Штип во дербито од 11. коло во Втората лига – Исток. Сето тоа го искористи Беласица за дополнително зацврстување на врвот по убедливата победа од 0-5 на гостувањето против Каменица Саса.
Борец до триумфот дојде со голот на Антонио Каланоски во 90. минута од средбата, откако претходно Брегалница поведе со голот од пенал на Здравков во 6. минута, за да само една минута подоцна израмни Пановски.
Кожуф дојде до победа од 2-0 против Победа Валандово со головите во второто полувреме. Најпрво гевгеличани поведоа со 1-0 со автоголот на Крстевски во 62. минута, а Марио Тошевски во 65. минута ги постави конечните 2-0.
РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛОКаменица Саса – Беласица 0-5Плачковица – Осогово 2-0Кожуф – Победа Валандово 2-0Брегалница – Борец 1-2ТАБЕЛА: Беласица 26 бода, Борец 20, Брегалница(-1) 19, Кожуф(-1) 19, Плачковица 15, Тиквеш (-1) 12, Победа Валандово 8, Саса 8, Осогово 7 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА