ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Осогово ја запре Беласица, Борец „граби“ кон врвот!

Фудбалерите на Осогово успеаја да го изненадат лидерот во Втората лига Исток, струмичка Беласица ремизирајќи без голови во 13. коло. На тој начин, дополнително станува интересна трката за врвот, откако Борец славеше против Кожуф со 2-0.

Борец ја продолжува трката со струмичани за врвот, откако со голoвите на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 85. минута и Антонио Каланоски во 89. минута дојде до триумф од 2-0 во дербито против Кожуф.

Брегалница својата задача до триумфот од 2-0 против Каменица Саса си ја заврши по само половина час игра. Најпрво во 11. минута Ристе Наумов погоди за 1-0, а во 27. минута Ристе Темелков ги постави конечните 2-0.

Тиквеш, откако изминативе денови го тресеа и штрајкови поради финансиската неизвесност, дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Победа во Валандово. Кавадарчани до триумфот стигнаа со пресврт откако домашните водеа по првото полувреме со голот на Додевски во 21. минута.

Но, трите бода за Тиквеш ги овозможи Симеон Симонов со хет-трик. Стрелаше во 52., 56. и во 85. минута за конечни 1-3.

РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО

Брегалница – Каменица Саса 2-0

Борец – Кожуф 2-0

Победа Валандово – Тиквеш 1-3

Осогово – Беласица 0-0

Плачковица (слободна)

ТАБЕЛА: Беласица 27 бода, Борец Велес 23, Брегалница(-1) 22, Кожуф(-1) 19, Плачковица(-1) 15, Тиквеш(-1) 15, Победа Валандово 8, Каменица Саса 8, Осогово 8 бода.

Се вчитува...