ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Плачковица со гол во 90. минута го совлада Борец!

Во првиот натпревар од 6. коло во Втората лига Исток, денеска Плачковица пред своите навивачи славеше против Борец Велес со 1-0.

Плачковица до победата дојде буквално во последните секунди од средбата, со голот на Роберт Коцев во 90. минута од средбата.

По овој триумф, Плачковица со 12 бода се проби на втората позиција на табелата, веднаш зад водечката Беласица која е со максимален ефект од 15 бода. Борец Велес остана на 4. место со 9 бода.

Утре се играат останатите четири дуели од ова коло на Истокот: Тиквеш – Брегалница, Саса – Кожуф, Беласица – Победа Валандово, Осогово – Хоризонт Турново.

Се вчитува...