ВМФЛ: Новаци против турновци, Академија Пандев по бодови со Љубанци Кавадарци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
27/03/2017 14:44
Коментари
27/03/2017 12:45
Фудбал
27/03/2017 12:14
Фудбал
26/03/2017 20:15

ВМФЛ: Новаци против турновци, Академија Пандев по бодови со Љубанци Кавадарци

ВМФЛ: Новаци против турновци, Академија Пандев по бодови со Љубанци Кавадарци

Остануваат уште неколку натревари до завршување на првиот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Денеска се игра 12. коло од оваа конкуренција. Хоризонт Турново гостува кај второпласираниот Новаци, кој ниже квалитетни партии сезонава. Тренерот на турновци, Јане Николоски очекува интересен и неизвесен натпревар и се надева дека неговиот тим ќе направи добар резултат.

„Новаци е добар тим и тоа што се наоѓа на второто место кажува дека не се наивен противник. За овој натпревар ќе бидеме без Тодоров и Радојиќ, но очекувам дека играчите ќе се покажат во добро светло и ќе направат поволен резултат“- истакна стратегот Николоски.

Од друга страна, Новаци е категоричен во својата желба – победа е во мислите на играчите, со што би се задржала втората позиција, која води во Првата лига.

„Новаци мора да оди на победа. Ништо друго не не интересира. Хоризонт Турново не е лесен противник, но моите играчи ќе сторат се за да ги освојат трите бода“ – вели стратегот на Новаци, Кире Груевски.

На останатите натпревари, Скопје на домашен терен го пречекува Металург, Велазерими гостува во Тетово кај Тетекс, Вардар Неготино ќе се пресмета со Еуромилк, додека пак Академија Пандев ќе се судри со Љубанци Кавадарци.

ДВОЈКИ – 12 КОЛО, 13 часот

Академија Пандев – Љубанци Кавадарци (Стадион „Кукуш“, Турново)

Скопје – Металург (СРЦ „Железарница“, Скопје)

Новаци – Хоризонт Турново (Игралиште Новаци)

Тетекс – Велазерими (АМС Спортски центар, Тетово)

Вардар Неготино – Еуромилк (Градски стадион Неготино)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.