ВТОРА ЛИГА: Новаци испушти победа, Академија Пандев го „скрши“ Тетекс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

ВТОРА ЛИГА: Новаци испушти победа, Академија Пандев го „скрши“ Тетекс

ВТОРА ЛИГА: Новаци испушти победа, Академија Пандев го „скрши“ Тетекс

Новаци не успеа да слави на тешкото гостување кај кичевски Велазерими (1-1) во 13-то коло од Втората македонска фудбалска лига. Единствениот погодок за Новаци го постигна Александар Неданоски во 18. минута од натпреварот, што беше деветти гол за него оваа сезона. На шест минути пред крајот на мечот, Љутфи Билали го израмни резултатот.

Хоризонт Турново ремизираше со Скопје (3-3) на домашен терен. Прв во листата на стрелци се запиша Един Мерсовски во 16. минута, а десетина минути подоцна Трајче Ефремов зголеми на 2-0. Се чинеше дека турновци ќе имаат лесна задача до крајот на мечот, но Фуркан Али во 57 минута ја врати резултатската неизвесност, а Дарио Десниќ во 66. минута го израмни резултатот. Во 77. минута, Малиќ Белули ги доведе гостинските фудбалери во водство. Даниел Радојчиќ во последните секунди од мечот донесе бод за својот тим.

Академија Пандев долго време се мачеше да ја пробие одбраната на Тетекс. Такво нешто му успеа на искусниот Зоран Балдовалиев, кој во 76. минута го отвори реултатот, а пет минути подоцна Кристијан Трапановски се запиша во листата на стрелците. Во 93. минута, Балдовалиев повторно стрелаше за „академците“.

На останатите резултати, Еуромилк славеше против Љубанци (2-1), додека пак Металург ги освои трите бода на мечот против Вардар Неготино со минимален резултат (1-0)

Втора лига, резултати, 13 коло

Тетекс – Академија Пандев 0-3

Металург – Вардар Неготино 1-0

Еуромилк – Љубанци Кавадарци 2-1

Хоризонт Турново – Скопје 3-3

Велазерими – Новаци 1-1

Табела: Академија Пандев 34 бода, Еуромилк 25, Скопје 23, Новаци 22, Металург 19, Хоризонт Турново 18, Тетекс 11, Вардар Неготино 9, Љубанци Кавадарци 7.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.