ВТОРА ЛИГА: Сезоната стартува и за Тиквеш и Беласица… Интересен мегдан во Гостивар

Поради реновирањето на стадионот „Младост“ во Струмица, како што е познато одложен беше дуелот меѓу Беласица и Тиквеш од 1. коло во Втората лига – Исток, па за Тиквеш и Беласица денеска стартува сезоната во второлигашкото натпреварување.

Тиквеш на домашен терен во 2. коло го пречекува Осогово, додека Беласица гостува на Плачковица.

Во Втората лига – Запад интересен натпревар се очекува во Гостивар, каде на мегдан се соочуваат два тима кои оваа сезона се со амбиции за пласман во најсилното домашно натпреварување следната година.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК – 2. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Тиквеш – Осогово

Каменица Саса – Борец

Кожуф – Хоризонт Т.

Брегалница – Победа Валандово

Плачковица – Беласица

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД  – 2. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Зајази – Македонија ЃП

Лабуништа – Тетекс

Еуромилк ГЛ – Струга Трим Лум

Гостивар – Новаци

Локомотива – Велазерими

 

Се вчитува...