Втора лига: Скопје и Новаци победуваат, ама и Тетекс и Тиквеш

Новиот прволигаш Академија Пандев ја доби соседската битка против Хоризонт Турново со 1-3, а победи славеа и другите аспиранти за највисок пласман. ФК Скопје оствари триумф (0-1) на гости против Еуромилк, со голот на Никола Ѓорѓиевски постигнат во 76.минута од средбата.

Новаци исто така славеше, со 2-0 против Металург. Стрелец на водечкиот гол беше Методија Степановски во 73.минута од мечот. Во завршницата, Благојче Марковски од пенал го постави конечниот резултат, 2-0.Тетекс и Тиквеш остварија значајни победи во битката за опстанок. „Текстилците“ го победија Велазерими со 2-1, додека Тиквеш славеше над Вардар Неготино со 1-0.

ВТОРА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ

НОВАЦИ – МЕТАЛУРГ 2-0

ЕУРОМИЛК – СКОПЈЕ 0-1

ТЕТЕКС – ВЕЛАЗЕРИМИ 2-1

ТИКВЕШ – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-0

Х.ТУРНОВО – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-3

Се вчитува...