Втора лига: Суспендиран теренот на Новаци

Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука да го суспендира теренот на второлигашот Новаци, кои е предаден на Дисциплинката комисија поради инцидентот што се случи за време на натпреварот со Вардар Неготино што се одигра изминатиот викенд.

На саботниот дуел физички беше нападнат претставникот на Вардар Неготино, па претставниците на Натпреварувачката комисија едногласно решија теренот на Новаци да се суспендира, а против овој клуб да биде покрената дисциплинска постапка.

Останува да се види колкава казна ќе му биде изречена на овој клуб од страна на Дисциплинската Комисија и дали Новаци до крајот на сезонава ќе може да настапува на својот стадион. Тимот на Новаци моментно e четвртопласиран на табелата од Втората лига, со само два бода заостанување зад второпласираниот тим на Скопје.

Се вчитува...