ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар поразен, Струга се спаси во 95. минута!

Гостивар доживеа неочекуван пораз во 9. коло од Втората македонска фудбалска лига во западната конкуренција, додека екипата на Струга Трим Лум, пак, се спаси од пораз во 95. минута на дуелот против Зајази.

Еуромилк ГЛ славеше против Гостивар со 1-0, благодарение на погодокот на Флорент Османи уште во 9. минута од средбата.

Струга Трим Лум, пак, иако имаше негатива од 1-0 на гостувањето против Зајази, на крајот се спаси со голот на Арбен Тафе во 95. минута. Домашните до предноста дојдоа со голот на Илир Џемаили во 34. минута од натпреварот.

Лабуништа со голот на Игор Клечкароски од пенал во 36. минута дојде до триумф од 1-0 против Новаци, додека Македонија ЃП славеше 4-1 против Локомотива. На стадионот во Ѓорче Петров, Локомотива најпрво имаше водство со голот на Мартин Даневски од 11. минута, но потоа „лавовите“ дојдоа до комплетен пресврт со головите на Михајло Јакимоски и Кристојан Костовски во првото полувреме, и Боби Божиновски и Иван Настевски во вториот дел.

РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО

Еуромилк ГЛ – Гостивар 1-0

Зајази – Струга Трим Лум 1-1

Македонија ЃП – Локомотива 4-1

Лабуништа – Новаци 1-0

Велазерими – Тетекс (утре, 14:30 ч.)

ТАБЕЛА: Велазерими(-1) 16 бода, Струга Трим Лум 16, Гостивар 15, Еуромилк ГЛ 13, Локомотива 12, Тетекс(-1) 12, Лабуништа 12, Македонија ЃП 10, Новаци 8, Зајази 6 бода.

Се вчитува...