ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар сигурен на врвот, „лавовите“ загубија во Струга

Гостивар ја чува предноста на врвот во Втората лига – Запад, откако во 16. коло славеше убедливо со 3-0 против Зајази.

Ариф и Адеми со два гола уште во првото полувреме го решија победникот на дуелот кој се играше во Гостивар.

Македонија ЃП, пак, загуби на гостувањето во Струга од Струга Трим Лум. Антонио Каланоски во првиот дел и Самед Шеји во второто полувреме беа стрелци за домашните за триумф од 2-0.

Еруомилк ГЛ ги подели бодовите со Лабуништа (1-1). Валентино Рафески во 49. минута го донесе Еуромилк ГЛ до водство, а израмни Неџми Реџепи во 83. минута за конечни 1-1.

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

Локомотива – Тетекс 0-0

Струга ТЛ – Македонија ЃП 2-0

Новаци – Велазерими 0-3

Гостивар – Зајази 3-0

Еуромилк ГЛ – Лабуништа 1-1

ТАБЕЛА: Гостивар 31 бод, Велазерими 28, Струга ТЛ 27, Македонија ЃП 26, Лабуништа 23, Еуромилк ГЛ(-1) 21, Тетекс 20, Локомотива 19, Зајази(-1) 12, Новаци 8 бода.

Се вчитува...