ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: „Лавовите“ со ’петарда’ за Тетекс, пораз на Гостивар

Македонија ЃП на убедлив начин го совлада Тетекс на домашен терен со 5-1 и се доближи до врвот на табелата во Втората лига Запад. Во тоа на „лавовите“ им помогна и Гостивар, кој загуби на гостувањето против Лабуништа со 2-0. Стрелец на првиот гол за Лабуништа беше Дејан Лескароски во 32.минута од натпреварот, а вториот беше дело на Игор Клечкароски во 78.минута.

Македонија ЃП уште по првиот дел ги разреши сите дилеми околу триумфот. Симеон Христов со два гола ја отвори серијата, тресејќи ја мрежата на противникот во третата и во 30.минута. Се приклучи Боби Божиновски, а до крајот на првиот дел и Кристијан Костовски се запиша меѓу стрелците. Во вториот дел, почесниот гол за Тетекс беше дело на Филип Јовановски, а во завршницата Кристијан Костовски го постигна својот втор гол на овој меч, за конечни 5-1.

Еуромилк ја совлада Локомотива со 2-1. Антонио Бошески ги доведе „локоси“ во водство во 46.минута, а одговори Никола Ѓурчиновски само две минути подоцна. Истиот фудбалер во 80.минута постигна втор гол за освојување на трите бода.

Зајази го доби Новаци со 1-0. Вчера, Велазерими го совлада тимот на Струга Трим-Лум со 1-0.

Табела: Гостивар 31, Велазерими 31, Македонија ЃП 29, Струга Трим – Лум 27, Еуромилк 27, Лабуништа 26, Тетекс 20, Локомотива 19, Зајази 15, Новаци 7.

 

Се вчитува...