ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: „Лавовите“ среде Кичево го шокираа лидерот Велазерими!

Македонија ЃП запиша изненадувачка победа од 1-2 во последниот натпревар од 10. коло во Втората лига – Запад, славејќи на гостувањето во Кичево против лидерот Велазерими.

„Лавовите“ до трите бода стигнаа со пресврт, откако по првото полувреме домашните имаа предност од 1-0 со голот на Дрилон Зендели уште од 9. минута.

Но, во вториот дел најпрво израмни Валмир Јонуз во 63. минута, а потоа нововлезениот Кристијан Костовски во 86. минута ја донесе конечната победа од 1-2.

По овој триумф, Македонија ЃП со 13 бода се искачи на петтата позиција на табелата, колку што имаат и Локомотива и Лабуништа. Додека Велазерими, и покрај поразот, остана на врвот со 19 бода, два повеќе од второпласираната Струга Трим Лум, и три повеќе од Гостивар и Еуромилк ГЛ.

Се вчитува...