Втора лига Запад: Локомотива го сопре Гостивар, триумф на Еуромилк

Локомотива успеа да одигра 1-1 против фаворизираниот Гостивар, кој сезонава има прволигашки амбиции во Втората лига Запад. Гостите дојдоа во водство во шестата минута со голот на Илирид Адеми, но Владимир Мојсовски во второто полувреме донесе израмнување и еден бод за Локомотива.

Еуромилк славеше на домашен терен против Новаци со 2-1. Домаќинот поведе со голот на Сефери, но Благоја Наумоски возврати веќе во следниот напад. Победничкиот гол за Еуромилк беше дело на Бурхан Алији од пенал во 80.минута од средбата.

Зајази го совлада Тетекс со 1-0, со голот на Илбер Љума во 47.минута, а Лабуништа и Струга Трим – Лум ремизираа без голови.

Се вчитува...