Втора лига Запад: Локомотива го сопре Велазерими, победи за Струга и за Гостивар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Втора лига Запад: Локомотива го сопре Велазерими, победи за Струга и за Гостивар

Втора лига Запад: Локомотива го сопре Велазерими, победи за Струга и за Гостивар

Струга Трим – Лум и Гостивар ја намалија негативата во однос на лидерот Велазерими, откако овој тим одигра 1-1 на домашен терен против Локомотива. Димков му донесе бод на гостинот, откако Велазерими поведе со погодокот на Калба.

Струга Трим – Лум го искористи домашниот терен за да стигне до нови три бода. Стружани го совладаа Еуромилк со 1-0, со голот на Арбен Тафе во 20.минута, а издржаа во последните дваесетина минути и со играч помалку по исклучувањето на Микица Ѓорѓиевски. Македонија ЃП го победи Зајази со 1-0, а стрелец на голот беше искусниот Боби Божиновски.

Гостивар славеше на гости против Новаци со 1-2. Двоен стрелец за гостиварци беше Бобан Мариќ, додека Илче Талевски го постигна голот за Новаци на овој меч.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, 11. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВЕЛАЗЕРИМИ – ЛОКОМОТИВА 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ЗАЈАЗИ 1-0

СТРУГА ТРИМ – ЛУМ – ЕУРОМИЛК 1-0

НОВАЦИ – ГОСТИВАР 1-2

ТЕТЕКС – ЛАБУНИШТА 0-0

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.