Екипата на Струга Трим Лум успеа да го добие дербито од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад, славејќи убедливо со 4-1 против лидерот Велазерими.
Триумфот на стружани го донесоа Благојче Главевски со два погодоци, а по еднаш стрелаа Аљтин Лога и Ардит Шаќири.
Тетекс славеше против Македонија ЃП со 1-0, благодарение на погодокот на Енис Дервиши во 31. минута од средбата.
Гостивар и Лабуништа одиграа без голови.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Локомотива – Еуромилк ГЛ 2-1
Гостивар – Лабуништа 0-0
Новаци – Зајази 6-1
Струга Трим Лум – Велазерими 4-1
Тетекс – Македонија ЃП 1-0
ТАБЕЛА: Велазерими 16 бода, Струга Трим Лум 15, Гостивар 15, Локомотива 12, Тетекс 12, Еуромилк ГЛ 10, Лабуништа 9, Новаци 8, Македонија ЃП 7, Зајази 5 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА