ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Струга Трим Лум со победнички старт, Тетекс подобар од Зајази!

Еден од најголемите фаворити за освојување на првото место сезонава во Втората лига – Запад, екипата на Струга Трим Лум со победа го започна годинашниов шампионат.

Стружани пред своите навивачи, во локалното дерби, славеа против Лабуништа со 2-0. Стрелци на головите беа Аљтин Лога во 15. минута и Љупчо Трпески во 79. минута од средбата.

Интересен натпревар одиграа и Тетекс и Зајази кој го добија „штофарите“ со 3-2. Реџепи, Јовановски и Марио Станковски беа стрелци за Тетекс, а Руфати и Џеладини за Зајази.

Гостивар дојде до победа од 1-0 против Локомотива со голот во 56. минута на Башким Љама во 56. минута.

Новаци победи против Еуромилк пред своите навивачи со 2-0, со головите на Мартин Никовиќ во 42. минута и Христијан Петрески во 82. минута од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО

Струга Трим Лум – Лабуништа 2-0

Гостивар – Локомотива 1-0

Тетекс – Зајази 3-2

Македонија ЃП – Велазерими 0-2

Новаци – Еуромилк 2-0

Се вчитува...