Втора МФЛ: Академија Пандев бара бодови на гостувањето кај „ранетиот“ Тетекс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Втора МФЛ: Академија Пандев бара бодови на гостувањето кај „ранетиот“ Тетекс

Втора МФЛ: Академија Пандев бара бодови на гостувањето кај „ранетиот“ Тетекс

Преостануваат уште две кола од второлигашката конкуренција до ’зимскиот распуст’, па екипите ќе се обидат да ги искористат максимално за зголемување на своето бодовно салдо. Лидерот Академија Пандев гостува кај некогашниот прволигаш Тетекс, средба која ќе биде од витално значење и за двата тима.

Стратегот на „академците“, Панче Стојанов, посакува неговиот тим да ги освои трите бода, апелирајќи дека играчите не смеат да го потценат тимот од Тетово.

„Тетекс е еден од нашите најславни клубови во Македонија и никако не смееме да го потцениме. Без разлика на нивната позиција на табелата, ние ќе играме со иста цел како и на секој натпревар – за трите бода. Само така ќе го задржиме нашиот чекор за влез во Првата лига, а тоа ни е основна цел сезонава“- истакна Стојанов.

За овој натпревар, тимот од Струмица нема да може да смета на услугите на Стоилов и на Миловановиќ, кои поради повреди ќе бидат надвор од тимот. На останатите натпревари, Хоризонт Турново ќе се сретне со Скопје, Новаци гостува кај Велазрими, Металург го пречекува Вардар Неготино и Еуромилк ќе се пресмета со Љубанци Кавадарци.

ДВОЈКИ, ВТОРА ЛИГА (13 часот)

ТЕТЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (АМС Спортски центар Тетово)

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР НЕГОТИНО (СРЦ Железарница, Скопје)

ВЕЛАЗЕРИМИ – НОВАЦИ (Стадион ФК Велазерими, Кичево)

ЕУРОМИЛК – ЉУБАНЦИ КАВАДАРЦИ (Стадион ФК Цементарница)

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО – СКОПЈЕ (Стадион Кукуш, Турново)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.